-->
-->
Расчистени најголем дел од одроните на патниот правец Делчево – Кочани
-->
– Најголем дел од одроните кои од утрово можеа да се забележат на патниот правец Делчево – Кочани се отстранети и возачите возат по чисти коловози. Ова го потврдија дежурните екипи на „Македонија пат“ од каде сепак апелираа на внимателно возење, бидејки поради дождот кој непрекинато паѓаше во изминатите два часа е можна појава на нови поситни одрони.
-Најкритично утрово беше на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај селото Драмче. Таму поголем одрон ја блокираше десната страна од коловозот од Делчево кон Каменица при што сообраќајот се одвиваше отежнато. На истото место беше поставена соодветна сообраќајна сигнализација која по расчистувањето на одроните е тргната и сообраќајот е нормализиран, соопштија од „Македонија пат“.
Додаваат дека исчистени се и одроните на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани, при што дежурните екипи се во редовна обиколка и подготвени за евентуално ново расчистување на патот.
Од Авто-Мото Сојуз на Македонија информираат дека сообраќајот на одделени места на споменатиот патен правец се одвива по влажни коловози и препорачуваат внимателно возење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика