Расчистен случајот со нападот на полициските службеници во Тетово
Во полициската станица во Тетово вчера околу 15 часот и 30 минути се самопријавил 17-годишниот малолетник кој е последниот четврти учесник во групата што минатиот четврток нападна четворица полицајци при што двајца од нив се здобија со тешки телесни повреди.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, малолетникот, инаку син на И.И.(40) и внук на А.И.(69) кои исто така учествувале во нападот на полицајците, е осомничен за соизвршителство во напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и ќе биде изведен пред судија за малолетници во Основниот суд во Тетово.
За истото дело осомничен е и Е.Ј.(36), кој беше приведен уште минатиот петок, додека А.И. (69) кој е осомничен за убиство во обид и И.И. (40) кој е осомничен за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста сами се пријавија во полиција пред два дена. За овие три лица судија во претходна постапки им определи мерка притвор од 30 дена.
Нападот врз полицајците се случи минатиот четврток во Тетово при нивен обид да го уапсат И.И. (40) како правосилно осуден на затворска казна од една година. На тоа се спротиставил неговиот татко А.И. (69) кој со железна шипка ги нападнал полицајците при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди по главите и телата, а во мешаницата што настанала уште двајца биле полесно повредени. Двајцата тешко повредени полицајци од тетовската болница како итни случи беа препратени на скопските клиники каде врз еден од нив беше извршен хирушки зафат и тој се уште е задржан на болничко лекување.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228