Ранохристијанска црква откриена на археолошкиот локалитет Манастирче
Археолози од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип и од Археолошкиот музеј на Македонија открија ранохристијанска црква на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија, во близина на трасата преку која ќе минува експресниот пат Штип – Кочани.
- Целиот простор кој го истражуваме е на површина од 25 на 25 метри квадратни. Објектот е средновековен во поголемиот дел, повисоките партии се средновековни, но имаме индиции дека се работи за некоја постара градба во темелите, изјави Илинка Атанасова, археолог во Археолошкиот музеј на Македонија.
Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип Митко Штерјов рече дека на овој локалитет се работи на археолошко-конзерваторски работи и ќе се продолжи со работа и во следниот период.
На трасата на експресниот пат се наоѓаат уште два локалитета, но поради оддалеченоста тие нема да подлежат на конзерваторски работи како овој локалитет.
- На самата траса на експресниот пат во близина се наоѓаат три поголеми локалитети, како што е Лозен Градиште кај Горни Балван и Клетовник до Крупиште. Меѓутоа тие се малку подалеку од трасата. Така што, според правилата, таму се вршеше само надзор на трасата. Додека кај овој локалитет мора да има конзерваторски работи, па потоа да се ослободи за градежните работи на експресниот пат, рече Штерјов.
Археолошките истражувања на локалитетот Манастирче се финансирани од Агенцијата за државни патишта.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
