-->
-->
Рано утрово експлозии во центарот на Киев
-->
Експлозии беа регистрирани денеска во раните утрински часови во украинскиот главен град Киев, изјавија двајца очевидци.
Сирените за воздушен напад се вклучиле во главниот град и околниот регион околу 20 минути пред експлозиите. Регионалниот гувернер на Киевската област, Олексеј Кулеба изјави дека се активирани противвоздушните системи.
Украина утрово собори 10 ирански беспилотни летала, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој вели дека системите за противвоздушна одбрана ги погодиле беспилотните летала Шахед во раните утрински часови.
„Во регионот на Киев и над главниот град, силите за противвоздушна одбрана соборија вкупно 10 беспилотни летала Шахед“, напиша тој на Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
