Балкан
19. May 2019 - 12:02

Рането 22-годишно момче во Северна Митровица

Машко лице од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти во изјава за медиумите го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.