-->
-->
Рама: Со патот „Арбери“ ќе се поврземе со Македонија
-->
- На заедничката седница меѓу владите на Албанија и на Македонија што ќе се одржи во Поградец албанската страна ќе побара од македонската држава да го продолжи патот „Арбери“ и на нејзина територија, најави албанскиот премиер Еди Рама при денешната посета на Пешкопеа.
Изградбата на патот „Aрбери“ во должина од 72 километра, додаде, официјално ќе почне следната година. Патот ќе чини 33,6 милијарди и за околу 100 километри ќе го скрати растојанието од Тирана до Дебар.
- На состанокот со македонскиот премиер во октомври, беше договорено да се одржи заедничка владина седница во Поградец на која ќе одлучиме дека е неопходно и македонската страна да го заврши патот „Арбери“ од другата страна. Ќе го приближиме Дебар со Тирана. Тоа е многу пократок пат кој ќе реши голем проблем, рече албанскиот премиер.
Патот, потенцира, не поврзува само една област со друга, туку е стратешки за развој на економијата, вработувањето и туризмот.
- Патот „Арбри" има за цел да создаде економски коридор со Македонија, преку Дебар и да го направи пристаништето во Драч подостапно, потенцира Рама.
Градежните работи на патот „Арбери“ се очекува да траат 44 месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис