Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека секојдневно има кибер-напади од Иран врз државните институции.
Од градот Берат, на состанок со претставници на технолошкиот сектор, Рама рече дека не може да се дозволи напади врз институции, како банки или приватни болници.
– Во војна сме, имаме систематски напади секој ден. Не можеме да го дозволиме ова. Утре би можеле да нападнат банка, болница, тоа би можело да биде голем проблем, посочи Рама, објави абцњуз.ал (abcnews.al).
Најави инвестиции со цел зајакнување на заштитата на јавниот сектор против кибер-напади.
Истото рече треба да го направи и приватниот сектор, за што не ја отфрли можноста инвестицијата да им се одбие од данокот.
На 20 минатиот месец беше хакирана веб-страната на општина Тирана, што беше последователен напад врз албански институции.
Почна во летото 2022 година, кога онлајн државните служби во Албанија беа нападнати од четири софистицирани хакерски групи поддржани од иранската држава. Веднаш потоа Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран и ги протера дипломатските претставници.
Во сите објави на иранските хакерски групи се наведува дека тоа е одмазда поради тоа што Албанија прифати околу 4.000 Муџахедини кои се сместени во камп во близина на Драч.
МИА
Ново на Сител
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
