Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека земјата ги почнала подготовките за Самитот на НАТО, што во Албанија ќе се одржи во 2027 година.
Во директната комуникација со граѓаните во емисијата „Очи в очи” на Фејсбук, нагласи дека на прв поглед се чини дека има време, но ова е “начинот да се постапува со организација на овие геостратешки настани”.
-Почнавме со подготовките за самитот на НАТО, се чини дека има време, но всушност ова е начинот на работа на самитите на НАТО, работата започнува две години однапред. Тоа откако пристигна инспекциската група од седиштето на НАТО во Брисел, за да ги разгледа сите опции и да ги попишат сите услови и можности на угостителската и логистичката инфраструктура, рече Рама.
Додаде “Топката е на наше поле за повторно да бидеме во центарот со општ мастер план за организација“.
Албанија полноправна членка на НАТО е од 2009 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип