Рама: Очекувам Албанија годинава да ги почне преговорите со ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека Албанија годинава ќе ги почне преговорите за членство во Европската унија, јави дописникот на МИА.
- Ние немаме друга алтернатива. Очекуваме преговорите со ЕУ да ги почнеме оваа година. Но,нема да се изненадам и ако не ги почнеме. Не дека не ги исполнивме домашните задачи, туку затоа што не може многу да се потприме на ЕУ кога станува збор за соработката со земји како што е Албанија. Сепак, на крајот на краиштата она што мислам дека е значајно е дека ние ќе продолжиме во оваа насока и со оваа визија во правец кон ЕУ, бидејќи ние сме најевроцентрична држава во регионот, изјави Рама во интервју за телевизијата „Франс 24”.
Тој оцени дека за некого Европа е обичен финансиер, додека за Албанија таа е најстабилен проект на мирот.
- ЕУ е всушност она што не одржува кога станува збор за нашата инспирација. Доколку ЕУ се оддалечи од сништата што ние ги имаме, тогаш ќе разгледаме други алтернативи што ќе се појават, посочи Рама.
Тој се пофалил и дека албанската економија бележи раст и оти е забележан голем успех во борбата против одгледувањето на марихуната, кое според него, забележало драматично намалување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ