Рама: Ништо не го менува ставот на Албанија дека Србија треба да го признае Косово
Албанскиот премиер Еди Рама попладнево објави дел од говорот одржан вчера на Генералното собрание на Обединетите нации, каде се фокусира на прашањето за дијалогот Косово-Србија и односите меѓу нив.
Во својот говор Рама истакнал дека „ништо не ја менува позицијата на Албанија дека Србија треба да го признае Косово и време е ќор-сокакот во дијалогот да се надмине со храброст, од двете страни, за да се постигне решителен договор поддржан од ЕУ и САД“.
Рама порачал дека „најдобрата порака на Отворен Балкан, што сакам да ја споделам со вас денес е дека не е неопходно да се договориш за сè за да го оставиш зад себе темното минато и да градиме, чекор по чекор една поинаква иднина, справување со недоразбирањата на сè пољубезен начин и секогаш наоѓајќи сè повеќе и повеќе причини, оние добрите, за да се решат и недоразбирањата“.
-Зајакнувајќи ги односите со Србија и одејќи напред кон унапредување на билатералната и регионалната соработка, Албанија не мрдна и нема да мрдне ниту милиметар од својот непоколеблив став за поддршка на потребата секоја земја, дури и меѓу вас што не го сторила тоа, вклучително и Србија, да ја признае Република Косово, рекол Рама, пренесува државната агенција АТА.
Посочил дека е време Косово и Србија да го надминат ” сегашниот ќор-сокак во нивниот дијалог и храбро да работат кон сеопфатен мировен договор, извршувајќи ги своите соодветни улоги за да усвојат договор поддржан од ЕУ и Соединетите американски држави“.
Ново на Сител
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА