Рама најави изградба на „Патот на Арбр“
Албанскиот премиер Еди Рама презентирајќи повеќе проекти од областа на патната инфрастуктура најави дека прв приортет е изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) што Албанија ја поврзува со Македонија,кај Дебар.
Дел од подготвтелните работи на делницата почнаа пред две години,но се прекинати.
- Запознати сте со проектот за „Патот на Арбр“, очекуваме да се финализира договорот за фирмата која ќе го гради и почнуваме со работите, изјави Рама на прес конференција.
Со изградбата на автопатот, кој се протега од Тирана до граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар,досегашната оддалеченост се намалува за околу 100 километри и се предвидува да биде 82 километри.
Неговата изградба се очекува да го заживее и економски да го развие поширокото подрачје од двете страни на границата,а многу ќе го олесни и патување до албанското крајбрежје.
Премиерот Рама посочи дека,во четиригодишниот мандат, за подобрување на патната инфраструктура се предвидуваат инвестиции од милијарда долари.
- Ние сме земја во која не малку е финанстирано во националната нфраструктура,но доколку се направи биланс на потрошените пари со резултатите во изминатите години, постои еден голем ендек.Многу средства а недостига производ. Денеска немаме ни еден национален патен правец сертифициран според европските стандарди. Во овој четригодишен мандат ќе сториме се, нашите патишта да гарантираат движење кое нема да го загрузува ничиј живот,-изјави Рама.
Тој додаде дека буџетот за идната година е 42 отсто поголем за финансирање во инфраструктурата и оти со четри чекори во следните четри години ќе се доживее урбана преродба во целата земја,со посебен акцент на развојот на туризмот и агро-туризмот.
Рама најави дека владата ќе води агресивна политика за системот за договори за изградба на патишта,со цел „да не се остави простор за шпекулаци и измами“.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец