Рама: Косово треба да се координира со сојузниците
Премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја отстрани од пазарот српската валута динар, јавија албанските медиуми.
Побарал од Косово да се координира со сојузниците, кои побараа суспензија на оваа мерка, бидејќи според нив, таа може да поттикне нови тензии на Косово.
Според Рама, по настанот во Бањска, Косово има примарна должност да ја задржи својата рамнотежа.
– Додека сите се согласуваме дека косовската Влада треба да се ангажира, координира и поблиску да соработува со нејзините клучни сојузници, да не заборавиме и на неотуѓивото право на Косово да го спроведува сопствениот устав.
После Бањска од суштинско значење е да се задржи фокусот и чувството на рамнотежа, пишува Рама.
Централната банка на Косово на 1 февруари одлучи да стапи во сила забраната за српскиот динар за плаќања на српската заедница во Косово.
Исто така, косовските власти во последните недели затворија четири паралелни српски општини, Драгаш, Пеќ, Истог и Клина, велејќи дека „единствената институција на Србија во Република Косово ќе биде нејзината амбасада во Приштина“.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска