Рама: Ќе ги укинеме границите и Драч ќе стане косовско пристанипте
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Косово и Албанија имаат намера да ги отстранат границите и дека албанското пристаниште Драч наскоро ќе стане косовско.
Тој ова го рече на почетокот на седницата на албанската и косовската влада, што се одржува во Конгресната палата во Тирана, пренесува порталот „Репортери“.
„Нашата амбиција е да ја отстраниме границата меѓу Албанија и Косово. Верувам дека е важно за министрите за внатрешни работи на двете земји да ја засилат својата работа за да овозможат контрола во граничниот премин во реално време, што ќе ни овозможи конечно да ја отвориме границата без загуби во фронтот против нелегалните активности и против каква било форма на злоупотреба на слободата на движење“, рече Рама, пренесува „КосовоОнлајн“.
„Договорот што ќе го потпишеме наскоро за да ги олесниме царинските процедури меѓу двете земји не води кон крајната дестинација, трансформацијата на пристаништето Драч во де факто пристаниште на Косово“, рече Рама.
Како што се наведува, приштинската делегација во Албанија била пречекана со најголеми почести.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза