Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала.
На предновогодишната традиционална средба со новинарите, Рама рече дека цел на Албанија е да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка.
Рама рече дека оваа година Албанија е опремена со ракетен систем „Џавелин“, три патролни бродови од Италија и радари за воздушен надзор во соработка со Франција.
– Она што останува главна амбиција, Албанија како земја што произведува воени капацитети, не е само да ги користи овие капацитети за сопствени потреби, туку и да извезува, и затоа оваа година е историска година за нашата армија, бидејќи се поставени темелите на одбранбената индустрија „Произведено во Албанија – истакна Рама.
Тој додаде дека Албанија создала државна компанија која има потпишано партнерства со локални и странски компании за производство на муниција.
Според него, овие договори вклучуваат производство на амбулантни и полициски патролни возила.
– Ќе произведуваме борбени дронови, а ќе произведуваме и системи против дронови, а првите нарачки се веќе направени. Во првите шест месеци од 2026 година сигурно ќе ги видите првите производи, додека ние продолжуваме да работиме на реализација на други договори за поморската индустрија и воздухопловната индустрија – рече тој.
Рама се пофали дека „Албанија денес е една од земјите со највисок капацитет за кибер одбрана“.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
