-->
-->
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-->
Раководството на Реал Мадрид изразило незадоволство од перформансите на тимот од стартот на сезоната и смета дека нивото на перформанси е пониско од минатата сезона и покрај засилувањето на составот, пренесе „Релево“.
Според изворот, шпанските гиганти веруваат дека тимот минатата сезона делувал поорганизирано. Со доаѓањето на новите засилувања во лицата на напаѓачите Килијан Мбапе и Ендрик и заминувањето на играчот од средниот ред Тони Крос од клубот, нивото на тимска дисциплина на теренот опаднала.
Дополнително, во моментов тренерот на „белите“ Карло Анчелоти има сериозна дилема во изборот на стартниот состав, што предизвикува тензија кај играчите“, се наведува уште во информацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет