Раководител на Блаце снимен како зема мито за пропуштање на албански државјани | ВИДЕО
Раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам е фатен на камера како зема мито 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Видеото го објави вчера албанската телевизија Клан во емисијата „Стоп“.
Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, платил 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки. Ваквата проверка на новинарите следувала откако телевизијата ја контактирал албански превозник, а со информации дека на ГП Блаце македонски полицајци постојано му бараат поткуп за нешто што треба да биде бесплатна услуга.
-Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за ТВ Клан.
Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот