-->
-->
Ракометниот куп за Вардар
-->
Ракометарите на Вардар триумфираа во националниот куп откако во финалето го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.
Црвено црните беа подобра екипа во текот на целиот меч, имаа водство до самиот почеток и во еден момент го зголемија на 8-3 за да на полувреме заминат со 4 погодоци предност.
И во вториот дел црвено-црните беа во водство иако битолчани се доближуваа на два гола за да Вардар се врати на 4 и така до финишот кога Пелистер го анулираше водството на противникот на само еден гол но не погоди од последниот удар од 9 метри.
Ова е 16-та куп титула за Вардар.
Најдобри во редовите на Вардар беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека кај Пелистер по пет погодоци постигнаа Усама Хосни и Мохамед Суси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи