Ракометарите стартуваат на 22. декември
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Македонија подготовките ќе ги започне на 22.декември во 12 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. По завршувањето на собирот, ракометарите ќе се заминат во Маврово, ќе биде одработен првиот дел од подготовките.
За време на подготвителниот период пред настап на Европското првенство македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и Израел.
Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27. и 29. декември, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортски центар „Борис Трајковски“ на 3. и 4.јануари 2022 година, за време на вториот дел од подготовките, кои ќе се одвиваат во Скопје од 1. до 11.јануари.
Македонската репрезентација на Европското првенство се натпреварува во А-групата заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора, натпреварите ќе бидат одиграни во Дебрецен, Унгарија.
Македонија на 13.јануари од 18 часот ќе игра против Словенија, два дена подоцна во истиот термин противник на ракометарите ќе им биде Црна Гора, а во последните натпревар од групата, на 17.јануари, од 20.30 часот, Македонија ќе игра против Данска.
Ново на Сител
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка