-->
-->
Ракометарите репрезентативци се собраа за операцијата Гдањск
-->
Македонската ракометна репрезентација вечерва го имаше собирот во пресрет на олимписките квалификации што ќе ги играат од 8 до 10.април во Гдањск. Селекторот Ивица Обрван во некоплетен состав утре ќе ги почне тренинзите, а дел од играчите оправадано ќе доцнат поради клупските обврски.
За текот на подготовките и тоа што очекува слекторот истакна:
- Играчите доаѓаат од клубовите се надевам дека ќе бидат во добра форма. Имаме неколку денови подготовки. Комплетни ќе бидеме од понеделник што е доволно време. Кога има клупски ритам треба само да се потсетиме и да се подготвиме за дуелите кои почнуваат во петок. Мораме сите да веруваме дека ќе се пласираме на Олимписките игри. Полска е сигурно фаворит и заради силата и затоа што е домаќин, Тунис е екипа со која можеме да играме и па и да се „тепаме“, а Чиле нема да го потцениме. Се надевам дека ќе бидеме во добро издание и ќе се пласираме по првпат на Олимписки игри.
Македонија вторпат ќе игра квалификации за Олимписки игри, претходно пред четири години во Гетеборг нашите ракометари не успеаја да ги минат квалификациите. За Гдањск Македонија ќе патува на 7.април во четврток, а според распоредот првиот ден ќе играме против Полска, во второт коло ривал ни е Тунис, а во последното Чиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ