Ракетата на Илон Маск успешно лансирана од Флорида

Ракетата на Илон Маск со двајца американски астронаути во посадата успешно е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, означувајќи почеток на нова ера во патувањата во вселената.
Изградена од „Спејс-Екс“, првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената. Во новата капсула „дрегон“ се наоѓаат едни од најискусните американски астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица. Се очекува летот да трае 19 часови.
„Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен напор. Ќе зборуваме повторно од вселената“, изјави Харли непосредно пред лансирањето, прво од американска почва од 2011 година.
Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.
Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
-

Две лица пренесени во болница по сообраќајка кај скопската обиколница
-

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10 500 долари
-

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена
-

Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен
-

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка
