Свет
13. March 2018 - 11:34

Рајанер: Пет евра доплата за поголем кабински багаж

Авиокомпанијата Рајанер од 15 јануари воведува нови правила за кабинскиот багаж. Торба поголема од 55х40х20 сантиметри ќе може да се смести во багажникот на авионот или, пак, ако му е приоритет на патникот, може да доплати пет евра за да ја внесе во кабината со себе.

Поголемиот багаж, кој е без приоритет, добива етикета „мануелно“, што значи дека мора да се предаде на количка пред авионот при самото влегување. Тоа оди во багажникот и е бесплатно. При слетувањето, патникот ја зема својата торба на соодветната подвижна лента.