Рафа Мир ги негираше обвинувањата за сексуално насилство
Фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир ги отфрли обвинувањата за сексуално насилство. Ова се случи само еден ден откако тој беше ослободен од притворот, во кој се најде во понеделникот.
-Рафа Мир категорично ги отфрла обвинувањата против него. Истрагата ќе ги разјасни околностите и ќе покажеме дека тие се неодржливи, изјави неговиот адвокат Хаиме Кампањере, цитиран од шпанските медиуми.
Судот во Шпанија објасни дека наводите за насилство вклучуваат и сексуален чин. Фудбалерот на Валенсија, кој има играно и за Севиља и Вулверхемптон, во текот на истрагата доби забрана да ја напушти Шпанија. Добил одмор до крајот на неделата, а од понеделник ќе продолжи со тренинзите.
Минатата година во Шпанија сличен скандал имаше и со уште еден фудбалер - играчот на Селта Виго Санти Мина, кој, сепак, беше осуден на четири години затвор, а договорот со Галицијанците му беше раскинат.
Ново на Сител
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО