Радуловиќ му дал 150 илјади евра на Боки 13
Сопругот на Марина Туцаковиќ, во своето сведочење откри дека на Бојан Јовановски му дал 150 илјади евра, пари со кои во Милано да купи лекови за Туцаковиќ. Освен за лековите, дел од парите биле наменети за облека која требало да ја набави Боки 13.
На минатото судење, возачот на Јовановски рече дека на вечера во домот на Туцаковиќ, нејзиниот сопруг му дал на Боки значителна сума на пари по што од Белград заминале кон Милано.
Александар Радуловиќ е сведок повикан од Јовановски.
На почетокот на судењето, судијата побара да се почитува редот во судницата.
-Свесно ве оставив да покажете на кое ниво имате намера да го сведете овој процес. Сега барам да го почитувате судот и да не дофрлате лични квалификации, бидејќи судницата не е место за правење шоу, рече судијката Васка Николовска Масевска.
И покрај ова, за кратко се повтори атмосферата за која предупреди судијата. Повиканиот преведувач од српски на македонски беше заменет со друг заради нецелосниот превод.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени