Радукану ангажираше нов тренер
Британската тенисерка Ема Радукану има нов тренер, откако ја прекина соработката со Ендрју Ричардсон по сензационалниот триумф на Ју Ес Опен во септември годинава.
Нов тренер на британската млада тениска ѕвезда е Торбен Белц, кој беше долгогодишен тренер на Германката Анжелик Кербер.
Радукану како причина за отказот на Ричардсон наведе дека и е потребен поискусен тренер, а изборот го сведе на 44-годишниот Белц, кој ја воведе Кербер меѓу десетте најдобри светски тенисерки пред да ја прекинат соработката во 2013 година. По тригодишна пауза, Кербер и Белц повторно почнаа да соработуваат, по што германската тенисерка ги освои Австралија Опен и Ју Ес Опен, стигна до финалето во Вимблдон, освои сребрен олимписки медал и се искачи на чело на ВТА листата. Соработката повторно ја прекинаа во 2017 година.
Радукану по триумфот на Ју Ес Опен доживеа рани елиминации на турнирите во Клуж и Индијан Велс.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Оваа недела ќе бидат познати имињата на министрите
-

Владата ќе носи Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030
-

Регионална конференција: „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”
-

„Екранизмот“ нова закана за говорните нарушувања кај децата
-

Струмица се приклучи на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Анкетна комисија за Пулс во Парламентот може да влијае на судската постапка
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група СДСМ
