Радовиш ќе добие пречистителна станица за отпадни води
Во Општина Радовиш денеска ќе биде пуштена во употреба нова пречистителна станица за третман на урбани отпадни води, финансирана во рамки на ИПА програмата. На пуштањето во употреба на станицата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Радовиш е една од четирите општини, заедно со Прилеп, Струмица и Кичево, кои добија средства од Европската Унија за изградба на пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ). Новиот капацитет ќе го реши проблемот со отпадните води во општината. Исто така, ќе помогне во заштитата на животната средина и ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните на Радовиш.
Овој проект во вредност од шест милиони евра беше реализиран во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии, општина Радовиш и Јавното комунално претпријатие „Плаваја“. Настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ!“ чија цел е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта од ЕУ во земјата.
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија