-->
-->
Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-->

Скопската зоолошка градина се пофали со радосна вест – еден од паровите џуџести мармозети доби близначиња. Станува збор за најмалите мајмуни на светот, кои во зрелоста тежат најмногу до 100 грама.
Поради нивната минијатурна големина, двете бебиња сè уште тешко се забележуваат со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, додека за нивната грижа е вклучена целата група, што е карактеристично за овој вид.
Од Скопска ЗОО велат дека приновата е уште еден позитивен показател за добрите услови и успешната грижа за животните во градината, а посетителите ќе имаат можност да ги видат малите мармозети во наредниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
