Радев: Приоритет за споделување на вакцините ни е Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Македонија и регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Македонија на врвот, изјави Радев.
Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Македонија, јавија вчера бугарските медиуми. Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.
Денешниот и последен ден од ЕУ самитот ќе биде посветен на борбата против Ковид-19, вакцинацијата и сертификатите кои треба да овозможат слободно движење за граѓаните на ЕУ пред почетокот на туристичката сезона.
Радев предупреди дека овие сертификати не треба да создадат нови бариери, обврски и дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество