Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Македонија е предворјето за влез во ЕУ
Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Македонија.
-Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Македонија, додаде Румен Радев.
Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата