Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада
Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство.
Коалицискиот договор вечра го потпишаа победниците од „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише.
Во зградата на бугарското Народно собрание подоцна ќе бидат претставени составот и структурата на новата бугарска Влада предложена од „Промените продолжуваат“.
Како што потсети дописникот на МИА од Софија, Даниел Лорер од партијата „Промените продолжуваат“ најави дека од нивната партија собираат потписи за вонредна седница на бугарскиот Парламент во понеделник, кога се очекува да се гласа за новиот владин кабинет.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин