Рад: Можно е членови на мрежата на атентаторот од Манчестер се уште да се на слобода

Продолжува истрагата по осомничените за бомбашкиот напад во Манчестер и можно е на слобода се уште да има членови на мрежата на терористот Салман Абеди, денска изјави британскиот министер за внатрешни работи Амбер Рад, цитирана од светските агенции.
-Операцијата се уште е во тек со полна брзина и не можеме да бидеме целосно сигурни дека е завршена, рече Рад.
Абеди (22), Британец од либиско потекло, на 22 мај ја предизвика смртта на 22 лица, кревајќи се во воздух на концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер.
Полицијата веќе приведе 11 осомничени и претресе повеќе имоти во градот.
Велика Британија вчера го намали нивото на терористичка закана од „критично“ на „тешко’, откако полицијата соопшти дека разбила голем дел од мрежата на Абеди.
Доцна синоќа полицијата ги лиферуваше неговите снимки, направени во ноќта на атентатот од безбедносните камери, и граѓаните ги повика да споделат повеќе информации за неговите последни денови.
Ново на Сител
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
