Македонија
28. September 2018 - 11:27

Рација во ноќен бар во Желино, откриени девет танчерки и пејачки

Ноќеска од 24,00 до 02,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишeн жител на ова село.

При контролата, во објектот затекнати се девет женски лица ( пејачки и танчерки ), од кои три од Република Албанија и шест македонски државјанки.

Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а  сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.