Македонија
9. September 2017 - 13:31

Рација во ноќен бар на автопатот Тетово - Гостивар: Приведени 11 танчерки, забавувале гости без довола

Ноќеска во 01.30 часот, по преземени мерки и активности за пронаоѓање на нелегално вработени странски државјани, од страна на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север била извршена контрола во угостителски објект, сопственост на А.А. и А.А., лоциран на автопатот Тетово – Гостивар. Притоа, биле приведени 11 странски државјанки, кои биле затекнати како танцуваат и ги забавуваат присутните гости во наведениот објект. 

Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.