-->
-->
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-->
Делчевчанец починал откако се здобил со тешки повреди при пад од фабрика.
Како што информира СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон Клиничката болница во Штип, во возилото на Итната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Делчево, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика