Работници за време на истовар на мермер доживееа голема несреќа - едно лице загина, а три се повредени
Уште една трагедија се случи во Македонија, петмина кочанчани доживеаа несреќа за време на работното време.
- На 30.03.2018 година околу 17 часот кај градската капела во Кочани, при истовар на мермерни плочи од контејнер од товарно возило во кое биле пет лица од засега непознати причини дошло до излизгување на плочите, при што истите ги потиснале лицата кои се наоѓале во внатрешноста на контејнерот. На лице место починал Н.Ј. (47) од Кочани, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица Б.Н. (27) од Штип, З.А. (26) од Кочани и М.Ј.(21) од Крива Паланка кои веднаш по незгодата се пренесени во Ургентен центар -Скопје, а М.З. (59) од Кочани е пренесен во Медицински центар -Кочани. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица -Кочани, стои во соопштението на МВР.
Со одобрение на јавен обвинител, телото на починатиот Н.Ј. е предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот