Работници и доверители ја блокираа фабриката „Зона Трико“ во Виница

Работниците и доверителите ги блокираа влезовите на текстилната фабрика „Зона Трико“ од Виница за да го спречат изнесувањето машини и опрема од производните хали. Во компанијата дојде и стечајниот управник со решение од судот дека сопственикот на фабриката не смее да отуѓува ниту еден дел од имотот.
Над 150 вработени со години чекаат да ги добијат заостанатите осум плати, а во 2016 година за четири месеци работење им бил исплатуван надомест од по 1 денар.
- Камионите се во кругот на фабриката за да ги однесат машините, а сопственикот го нема да каже кога ќе ни го плати трудот. Поднесовме и кривична пријава. Одговор се уште нема, но не се откажуваме, рече Лилјана Стоименова, работничка од „Зона Трико“.
На протестот се придружија и доверителите кои извршувале услуги за „Зона Трико“, а подолг период чекаат да им бидат платени побарувањата.
- Веќе две и пол години чекам да ми бидат исплатени 50 илјади евра за транспортот на стоката до Германија. На други фирми им должат трипати повеќe. Вкупниот долг кон доверителите е еден милион евра, тврди Моне Стојков, управител на транспортната компанија „Партнер“ од Виница.
Доверителите бараат судот и надлежните институции да го спречат изнесувањето на машините од виничката текстилна компанија и да се преземат законски мерки за досегашното прекршување на решението што го донел судот.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
