-->
-->
Работнички се пласираше во третото коло од квалификациите за Лига Европа
-->
Македонскиот претставник во Лига Европа, екипата на Работнички од Скопје го совлада летонскиот тим Јелгава со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.
Стрелци на Головите за „романтичарите“ беа Илијовски во 6-тата минута по асистенција на Цикарски и Сахити во 17-тата минута по соло акција.
Првиот меч во Летонија заврши со резултат од 1:0 за Јелгава, што значи дека Работнички е патник во следното коло каде што за противник ќе го има турскиот Трабзон.
На национална арена „Филип Втори“ присуствуваа 2.000 гледачи. Мечот го судеше Иштван Ковач од Романија, а домаќините настапија во следниов состав: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Сахити, Анене (69’ Трајчевски), Алтипармаковски (86’ Јовановски), Илијоски (90’ Маркоски).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија