Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
Спортскиот директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, Симон Ролфес, обелодени денеска дека нема да има трансфер на играчот од средниот ред Гранит Џака во италијанскиот гигант Милан.
Претходно, Милан јасно стави до знаење дека швајцарскиот репрезентативец е на листа желби за засилување ова лето, што го потврди и спортскиот директор Игли Тара.
Сепак, иако имаше навестувања дека Џака е исто така отворен за преселба во Милано, германскиот клуб ја затвори вратата за трансфер.
„Никогаш немало и никогаш нема да има преговори со Милан за Гранит Џака, ниту пак какви било предлози за трансферна цена“, изјави Ролфес за германските медиуми.
„Гранит е многу важен играч за нас“, додаде Ролфес.
Џака, кој за швајцарската репрезентација досега одигра над 140 натпревари, е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра.
Ново на Сител
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа