-->
-->
Работнички ја совлада Шкендија во дербито на ПМФЛ
-->

Во фудбалскиот шампионат на Македонија попладнево се одиграа средбите од 25.коло во Првата лига.
Дербито во Скопје, кое се играше на арената „Филип Втори“, а во кое Работнички беше домаќин на Шкендија заврши со минимална победа на домаќините со 1:0.
Тетовската екипа имаше можност прва да дојде до предност, но ударот на Бесарт Ибраими од пенал во 22. минута заврши во дирекот од голот на домашниот тим. Затоа, само две минути подоцна следуваше казна и тоа преку Душко Трајчевски кој го искористи невниманието на гостинскиот тим во одбраната и го постигна единствениот гол на натпреварат.
Лидерот на табелата Вардар забележа очекувана победа на гостински терен против Ренова со 1:0 со голот на Дејан Блажевски во 73-минута.
Во Штип, Брегалница го совлада Шкупи со 3:0, додека преостанатите два натпревари Пелистер - Силекс и Македонија ЃП – Победа завршија без постигнат гол 0:0.
Табела: Вардар 59 бодови, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 11 и Брегалница 16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
