Кошарка
17. January 2018 - 22:32

Работнички ја продолжува победничката серија

 Кошаркарите на работнички го продолжуваат победничкиот низ во домашниот македонски шампионат. 
 
Во дуел од 13.коло, екипата на Работнички на гости во Кавадарци го совлада Фени Индустри со 74-55 по четвртини 18-8, 10-14, 26-15 и 20-18,
 
Најефикасен во победничкиот тим ветеранот Димитар Мираковски кој покрај 14-те поени имаше и шест асистенции. Репрезентативецот Бојан Крстевски средбата ја заврши со учинок од 12 поени и 8 скокови, додека по 10 поени придодадоа Бугаринот, Чавдар Костов и Американецот, Расел Робинсон.
 
Кај домаќините најефикасен беше Американецот, Девон Вокер кој постигна 21 поен, додека Јане Петровски реализира  14 поени. 
 
За Работнички тоа беше и тринаесеттиот триумф во исто толку одиграни средби во прволигашката конкуренција, додека Фени Индустри го претрпе седмиот пораз.