Работна средба помеѓу претставници на Централниот регистар и Нотарската комора
Унапредувањето на соработката меѓу Централниот регистар (ЦР) и Нотарската комора (НК) било тема на денешната средба меѓу директорот Андреа Поповски и претставници на Комората.
Како што се наведува во соопштението, Поповски и нотарите ја поздравиле досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на нотарите како професионална заедница.
- Особено беше истакната соработката при воспоставувањето на системите за електронско поднесување во Заложниот регистар и во Регистарот за лизинг, преку кои што веќе се извршени над 300 трансакции за издавање информации и вршење уписи од страна на нотарите, кои се подносители во регистрите, се посочува во соопштението.
Претставниците на ЦР и НК, изразиле задоволство и од функционирањето на системите, при што Поповски истакнал дека при електронското поднесување се задржани сите функционалности во регистрите, а истовремено е овозможено поднесување од кое било место по електронски пат, без потреба од физичко присуство во некоја од регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар.
Централниот регистар и Нотарската комора се заложиле за продолжување на тесната соработка, во насока на подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на правната сигурност во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори