Работна средба меѓу државните јавни обвинители на Македонија и Словенија
Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески се сретна со државниот главен јавен обвинител на Република Словенија, Драго Шкета.
Од Јавното обвинителство информираа дека државните обвинители и членовите на делегациите на двете обвинителства на средбата разговарале за зајакнување на соработката во областа на владеење на правото преку размена на искуствата од двете држави.
На средбата била презентирана програмата на Меѓународната развојна соработка на Република Словенија, во чии рамки се одвива проектот „Поддршка на Македонија во Поглавјето 24 - финансиски истраги“. На покана на словенечките колеги, во проектот ќе бидат вклучени и јавните обвинители од Македонија со цел зајакнување на капацитетите и продлабочување на соработката во финансиските истраги.
Ново на Сител
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП