Работилница за вработување социјално ранливи лица
„Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организираат Црвениот крст на Република Македонија и Занаетчиската комора на град Скопје.
Тркалезната маса е планирана во рамки на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот”, чија цел е да придонесе кон зголемување на учеството на 40 лица во социјален ризик и лица кои се социјално исклучени на пазарот на труд со цел намалување на сиромаштијата.
На трибината ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, шефот на Делегацијата на ЕУ во РМ, Самуел Жбогар, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и претседателот на занаетчиска комора на град Скопје Никола Петров.
Проектот е финансиран од Европска Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 - ИПА компонента.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка