Работилница за вработувањата во администрацијата по избори
Тркалезна маса на тема „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ ќе се офржи денеска во Скопје во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.
Работилницата има за цел да ги информира претставниците од институциите, локалната самоуправа, невладините организации, граѓаните и останатите засегнати страни за наодите добиени од истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“.
Истражувањето, како што велат организаторите, опфати анализа со пет фокус групи и квантитативен дел за кој беше изготвен примерок со вкупно 58 државни и јавни институции на територија на Македонија, од сите осум региони и ги покри 33-те поголеми општини во Републиката.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на Платформата на граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството