Работилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка и со поддршка на Европската Комисија преку инструментот, TAIEX организира работилница на тема „Проценка на ризикот од корупција во институциите од јавниот сектор - утврдување на ризикот од корупција и другите неетички ризици и планирање на решенија и мерки за нивно надминување“.
Целта на работилницата е отворено да се дискутира за ризиците од корупција во управувањето, нивно утврдување, проценка и надминување како и посочување на институционалните структури, системи и процеси кои можат да бидат повеќе подложни на корупција. Исто така, на работилницата ќе се разменат позитивни искуства и добри практики за градење на институционалниот и личниот интегритет во јавниот сектор и планирање на ефикасни решенија и механизми за намалување и спречување на ризиците од корупција.
Ново на Сител
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
