Работилница за правата на старите лица во Крива Паланка
Четириесетина лица од „третото доба“, членки на клубот „Достоинствен живот“ при Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Крива Паланка, учествуваа на работилницата за права на стари лица, дел од проектот „Тука сме и можеме“.
Проектот е финансиран од Општината Крива Паланка со програма за поддршка на граѓански организации за 2018 година, а со истиот се опфатени активности за зголемување на нивото на социјална вклученост на старите лица од општината, како еден од факторите за квалитетно и безбедно стареење.
Работилницата ја спроведе Гоце Цветковски, дипломиран социјален работник, раководител на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа,Крива паланка.
-Цветковски ги презентираше информациите за правата на старите лица од областа на социјалната заштита и за измените во оваа област кои се подготвуваат со измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, а се однесуваат на постојана парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош и помош во натура, семејно насилство, институционална и вонинституционална социјална заштита на стари лица.Членките на клубот „Достоинствено стареење“, како хомогена група, едуцирана и оспособена за активно стареење преку осумгодишното постоење на клубот, активно се вклучија во презентирање на проблемите и приоритетите и во истакнување на предлози за надоградување на социјалните политики во државата, како би се надминале потешкотиите при остварување на правата на старите лица, информира секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски.
Додаде дека социјалната инклузија на старите лица е повеќе од потребна и треба да се зголемат активностите за нивна што полесна интеграција во современото општество.
Ново на Сител
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави