Работилница за иновативно планирање „Градови на иднината“
„Градови на иднината“ е темата на работилницата која денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.
Според организаторите, на отворањето, воведен збор ќе имаат Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сахакјан и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Дводневната работилница ќе ја водат експерти за климатски иновации и паметно планирање на иднината на градовите, Тим Тејлор, висок советник за градови во Climate KIC, водечка европска иницијатива за климатски иновации и Андреа Реј Бојл, експерт за иновации и нови градови во УНДП Регионален хаб во Истанбул.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка