Работи кои не би требало да ги објавувате на Фејсбук
Безгрижното објавување на секакви работи на Фејсбук може многу скапо да ги чини корисниците, па затоа треба добро да се размисли пред да се објават некои инфорации, затоа што се има многу малку контрола над содржините откако еднаш ќе се објават.
Тоа важи особено за оние кои своите профили ги држат во целосна јавност и така несвесно рескираат многу.
Личните информации, семејни фотографии и плановите во подготовката се нешто што заради сопствената безбедност би требало да се држат за себе и за блискиот круг на луѓе кои ги познавате, наведува портал „Шит Шит“.
Порталот објавува и листа на работи кои заради лична безбедност не би требало да се објавуваат на Фејсбук:
- Податоци поврзани за лична или финансиска сигурност;
- Информации за локација и планови за идни патувања;
- Информации од личниот живот;
- Фотографии на деца;
- Приговори на работа и информации за тоа што работите на работното место;
- Политички мотивирани коментари;
- Озборувања; и
- Медицински дезинформации.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија