Работа во земјоделие, туризам и информатика - има, доволно обучен кадар – нема
Земјоделие, туризам, информатика, насоки за кои има работа но недоволно обучен кадар. Од министертвото за образование сметаат дека дефицитот на работници на пазарот на трудот може да се надополни само со добра соработа со бизнис заедницата. Компаниите се тие кои најдобро можат да кажат од какви занимњата и вештини имаат потреба. Интервенции во образовниот систем ќе има, ќе се менуваат наставните програми, ќе се зголемува и пратичкната настава. Целта е да се добие квалификуван кадар, да се намали невработеноста, но работодавачите дирекно треба да се вклучат во овој процес.
- Колку побрзо и поинтензивно се оствари соработката помеѓу бизнис заедницата со целокупниот систем на образование, толку побрзо ќе имаме реален одговор на реалните потреби на пазарот на труд, не само на ниво на македонија, туку и на европско ниво.
Минатата година е формирана национална рамка за квалификации, чија цел е да ги поврзе институциите. Да го регулира стекнувањето и користењето на квалификациите, да овозможи поголема мобилност како во образованието така и на пазарот на труд. Ќе доделува и сертификати за вештини кои ќе бидат во согласност со Европската рамка за квлификации.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар