Рааб: Конфликтот во Украина може да трае со месеци, ако не и со години
Конфликтот во Украина може да трае со месеци, ако не и со години, изјави денеска британскиот вицепремиер Доминик Рааб, додавајќи дека меѓународните сојузници треба да покажат „стратешка издржливост” за да се обезбеди неуспех на рускиот претседател Владимир Путин.
-Нашата мисија со сојузниците е да обезбедиме неуспех на Путин во Украина, а за тоа ќе биде потребно време. Зборуваме за месеци, ако не и години, па затоа мораме да покажеме стратешка издржливост бидејќи сето ова нема да заврши за неколку дена, изјави Рааб за „Скај њуз”.
Британскиот вицепремиер ги повика Кина и Индија да помогнат во зголемувањето на дипломатскиот притисок врз Русија.-Кина во оваа криза има што да прави. И треба да направи повеќе, таа е постојана членка на Советот за безбедност, а и Индија, исто така, додаде Рааб.
„Треба да го зголемиме дипломатскиот притисок”, кажа тој.
Ново на Сител
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Преглед на вестите од светот
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
