Путин: Владата да преземе мерки за врќање на руските туристи од Турција
Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на Владата да преземе мерки за враќање во Русија на руските туристи во Турција, по неуспешниот обид за воен удар во земјата.
- Претседателот Путин му нареди на Министерството за сообраќај и на други агенции да ги информираат навремено патниците и да организираат летови за враќање од турски аеродроми, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руските авиокомпании моментално не сообраќаат за Турција.
Путин исто така побарал од властите да преземат мерки за туристите, кои чекаат летови за Турција на руските аеродроми.
Руската агенција за цивилна воздушна пловидба соопшти денеска дека нема да има ниту еден лет за Турција се додека целосно не се стабилизира ситуацијата.
- Околу пет илјади руски туристи се наоѓаат во моментов во Турција, каде пристигнале или самостојно или во група, изјави директорот на Ростуризам, Олег Сафонов.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот